Американскиот министер за правда, Џеф Сешнс и директорот на ФБИ објавија дека е покренато обвинение против уапсениот Сезар Сајок од Флорида поради сомневање дека преходните денови испратил 12 пакети со експлозив на адресите на политичари и на медиуми.
Сајок е обвинет по 5 точки меѓу кои е и испраќање експозив по пошта, и ако биде прогласен за виновен му се закануваат до 58 години затвор.
Објавувајќи го апсењето во Белата куќа, Трамп рече дека таквите “терористички дејства” се одвратни и немаат место во САД.