Во Истанбул мултилатерален Самит за Сирија ФОТО

80

Рускиот претседател Владимир Путин, германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, зборуваат за состојбата во Сирија на Самитот што се одржува во Истанбул.

Најавено е дека на Самитот ќе зборува и специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Стафан де Мистура.

На почетокот на состанокот Ердоган посочи оти се надева дека Самитот ќе ја оправда надежта на цалиот свет за решавање на сириската криза.

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков истакна дека од состанокот не би требало да се очекуваат никакви револуционерни одлуки.

Тој нагласи дека страните мораат да ги усогласат ставовите за решавање на сириската криза.

Фото: EPA/MICHAEL KLIMENTYEV

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...