Вкупното богатство на милијардери во светот достигна 8.900 милијарди долари во 2017 година, што е зголемување за 19 отсто во однос на 2016 година, покажува студијата на швајцарската банка УБС и консултантско-ревизорската фирма ПвЦ (PwC).
Кинеските милијардери го предводат тој тренд, со оглед дека нивниот број расте речиси двојно побрзо од бројот на милијардери во Јужна и Северна Америка и во Европа, пренесува Си-Ен-Би-Си. Во Кина имало само 16 милијардери пред 12 години, и оттогаш нивниот број се зголеми за повеќе од 2.200 проценти, на сегашните 373. Кина сега има удел од речиси 20 проценти во вкупниот број милијардери во светот.
Се забележува дека се зголемува и бројот на жени – милијардери, при што биле 2.158 во 2017 година, што е за девет проценти повеќе во однос на 1.979 претходната година. Сепак, жените сè уште имаат мал удел во вкупниот број милијардери од само 11 отсто.