Кој вози пијан во Ирска, ја губи возачката дозвола на самото место

128

Ирска донесе нов закон за возење во пијана состојба, кој веднаш стапува во сила. Според овој закон, секој кого полицијата ќе го фати дека вози со нелегална количина  алкохол во крвта ќе ја изгуби возачката дозвола на самото место.

Законот стапува во сила на полноќ, а го најави министерот за транспорт Шејн Рос.

Според овој закон, сите пијани возачи кои се фатени од полицијата автоматски ќе ја изгубат возачката дозвола за период од три месеци. Пијаните возачи веднаш ќе бидат исклучени од сообраќај, штом полицијата ќе утврди недозволено количество алкохол во крвта.

Досега, Ирска имаше систем на казнени бодови, но поради големиот број несреќи предизвикани од пијани возачи, одлучи да усвои построги закони.

– Малку работи се толку неодговорни и опасни во секојдневниот живот како луѓето кои пијат, а потоа возат. Сосема е погрешно тие луѓе да добиваат благи казни и да им се впишуваат казнени поени и поради тоа во иднина луѓето кои се однесуваат на овој начин автоматски ќе бидат исклучени од сообраќај на три месеци – појасни Рос.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...