Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ги предупреди лидерите на источно европските земји членки на Европска унија да не се откажуваат од принципот на Унијата, алудирајќи на Унгарија и Полска, чии националистички влади се во судир со Брисел.
– Европа не е супермаркет од каде секој може да земе тоа што му треба – посочи Макрон.
Тој додаде дека источно европските држави не можат да не ги почитуваат фундаменталните вредности на ЕУ.
– Европа не е еднонасочна улица, таа претставува реципрочна посветеност – наведе Макрон.
Тој изрази загриженост и поради тоа што некои земји членки на ЕУ не прифаќаат мигранти од Блиски Исток и од Северна Африка во рамките на програмата на квоти од 2015 година.
– Имаме колективна потреба за кохерентност и солидарност, не можеме да извлекуваме корист од европскиот буџет, а да не покажуваме солидарност за прашањето за миграцијата – посочи Макрон.