Во близина на зградата на Грабар-Китаровиќ уапсен вооружен маж

481

Хрватската полиција по дојава денеска уапси маж, кој вооружен се шетал, а потоа застанал во близина на зградата во која живее претседателката Колинда Грабар- Китаровиќ.

На улица излегле припадници на полицијата со панцири и шлемови.

– Околу 15 часот добивме дојава дека непознато лице се шета по Звонимирова улица со оружје. Со брза реакција на полицијата, тоа лице е уапсено, ставено под надзор и доведено во службените простории. Им благодариме на граѓаните за дојавата – изјавија од загрепската полиција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...