На норвешката принцеза Мете-Марит и е дијагностицирана хронична болест на белите дробови и заради тоа повремено нема да ги извршува своите официјални должности, објавија од кралскиот дворец.
– Имав здравствени проблеми неколку години и сега веќе знаеме што е причината за тоа. Оваа состојба значи дека моите работни способности ќе варираат – изјавила 45-годишната принцеза.
Нејзиниот доктор, Кристијан Бјоро од болницата во Осло, објаснил дека принцезата боледува од еден облик на белодробна фиброза. На државната телевизија принцот Хаакон и принцезата Мете-Марит изјавиле дека ќе мора да се научат да живеат со неизвесноста.
Белодробната фиброза се јавува кога белодробното ткиво станува оштетено и создава лузни. Тоа ја отежнува нормалната работа на белите дробови и резултира со недостиг на воздух, што може да биде сериозно.
ФОТО: Твитер