„Baroque Treasures“ е насловот на камерниот концерт на ансамблот „Г.А.П.“, кој ќе
се одржи в четврток, на 1. ноември во 20 часот, во Камерната сала на Македонската
филхармонија. Ансамблот „Г.А.П.“ е составен од врвни музички уметници кои активно
настапуваат на европските и светските сцени: Емилио Перцан – барокна виолина,
Ориол Ајмат Фустe – барокно виолончело и Лука Квинтавале, чембало.
Ансамблот „Г.А.П.“ ќе изведе дела од автори од периодот на музичкиот барок –
Хајнрих Игнац Франц фон Бибер, Жан-Батист Бариер, Џовани Антонио Пjани и
Антонио Вивалди.
Името на ансамблот „Г.А.П.“, формиран во 2012 година, доаѓа од иницијалите на
италијанскиот виолински виртуоз од 18. век, Џовани Антонио Пjани (Giovanni Antonio
Piani). Ансамблот се состои од музичари-инструменталисти кои се на водечки
позиции во најистакнатите европски барокни оркестри. Соработката со уметници како
Викторија Мулова, Чечилија Бартоли, Даниел Хоуп, Кристоф Русе и Едита Груберова,
како и настапите во концертни сали како Берлинска филхармонија,Театро Колон во
Буенос Аирес, Палатата на музиката во Барселона, се само дел од искуствата што овој
ансамбл ги стекнал во досегашната кариера. Во 2012 година, ансамблот го издаде
ЦД-то насловено „Афетуозо“, кое едногласно беше оценето од критиката како „високо
уметничко достигнување и како вистинско откритие“. Нивните два следни албуми исто
така добија највисоки оценки во светските музички списанија.