Харадинај: Корекцијата на границите е камуфлажа за поделба на Косово

58

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска повторно се спротивстави на идејата на претседателот Хашим Тачи за „коекција на границата“ и го повтори ставот дека не признава никаков договор со Србија, кој води кон промена на границите, јави дописникот на МИА од Приштина.

На конференција за новинари по денешната седница на Владата, Харадинај истакна дека „може да има законски обврзувачки договор за меѓусебно признавање со Србија, но не договор заснован на територија и на граница“.

– Тоа е камуфлажа за поделба на Косово. Косово е она од 17 ноември 2008, изјави Харадинај.

Тој нагласи дека Косово е заинтересирано за помирување со Србија, со цел да се затворат отворените прашања во регионот.

Зборувајќи за резолуцијата на опозицијата за дијалогот во Брисел меѓу Приштина и Белград, Харадинај и порача на опозицијата да понуди опција за тоа што е тоа што чини во овој дијалог.

– Би било добро опозицијата да има опција за тоа што е добро, да не оди само со тоа што не чини. Мислам дека веќе дефиниравме дека не чини односно дека никој нема право да преговара со никого за границите од 17 февруари, изјави Харадинај.

Косовскиот премиер наведе дека земјата губи време со непродуктивни дискусии и со тоа ги слабее сопствените позиции на надворешен план.

Според Харадинај, корисно би било да се изгласа резолуција за дијалогот, но исто така треба да се формира и делегација на Косово за тој дијалог.

– Имаме еден задоцнет пристап, кога процесите ни бегаат, а ние се уште распправаме околу тоа што е тоа што не е добро во дијалогот, изјави Харадинај.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...