Марија Шерифовиќ со порака полна со пцовки кон критичарите на Дарко Лазиќ

Пејачката Марија Шерифовиќ се обрати со остра порака на Твитер на тие што го коментираа однесувањето на пејач Дарко Лазиќ.

1232

Пејачката Марија Шерифовиќ го искажа бесот во пораката на Твитер кон тие што го коментираа однесувањето на пејач Дарко Лазиќ и распали со пцовки по негативните коментари.

– Престанете да јадете гомна, оставете го човекот на мир да ја води својата битка… о дааа, знаеме дека пие, о дааа, видовте дека конзумира наркотици, и о дааа, возеше брзо и о дааа, немаше возачка дозвола – и еве го одговор на тоа. Задоволни? Да ви ебам и семето и племето расипано, замолчете на момент! – напиша бесна Шерифовиќ.

Животот на српскиот пејач е загрозен од повредите по сообраќајната несреќа која се случи во вторникот. Пејачот е на Клиниката во Земун каде докторите му направија операција и се борат за неговиот живот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...