Српскиот новинар Борис Триван ненадејно починал денеска во Берлин. Како причина за смртта се наведува застој на работата на срцето.
Триван беше уредник на порталот „Noizz“, пишувал колумни и за српски „Курир“, а го водел и познатиот твитер-профил „Покојна Милева“.
Тој бил во Берлин на семинар заедно со своите колеги. Кога лекарите пристигнале, можеле само да констатираат смрт, пишува Курир.рс.