Суд во Лондон: Тодориќ ќе биде испорачан на Хрватска

186

Основачот и поранешен сопственик на „Агрокор“ Ивица Тодориќ во следните десетина дена ќе биде испорачан на Хрватска, одлучи судија од Високиот суд во Лондон.

Судијата Данкан Узли, по повеќечасовната расправа по жалбата поднесена од адвокатите на Тодориќ одлучи дека нема основа за одобрување на жалбата на одлуката за екстрадиција.

Со денешната одлука на Судот во Лондон, првостепената одлука станува правосилна и следува негова екстрадиција во Хрватска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...