Лекарите на КБЦ Земун одлучиле да го оперираат пејачот Дарко Лазиќ. Пејачот, како што „Курир.рс“ дознава, го однеле во операционата сала за итно да го оперираат.
Како што пренесуваат поедини белградски медиуми, лекарите успеале да го запрат крвавењето.
Операцијата траела околу два часа, па Дарко е префрлен во шок соба.
Директорот на КБЦ Земун Драгош Стојановиќ рекол дека ставот на семејството и болницата е да не се даваат никакви изјави за медиумите, бидејќи тоа е приватна работа.
фото: Твитер