Белгиска манекенка, која лани беше уапсена во Египет заради голотија, предизвика контроверзија и со најновата фотосесија во Турција, кога во „Аја Софија“ ја крена бурката и го покажа голото меѓуножје.
Мариса Папен беше на удар на верските лидери и по скандалозното фотографирање пред Ѕидот на плачот во Ерусалим, а сега повторно го навлече бесот кон себе.
– За разлика од Египет, овојпат немавме вистински план. Дојдовме без какви било подготовки, само со бескрајна фантазија – рекла Мариса, која му позирала на австралискиот фотограф Јесеј Валкер.
Мариса и Јесеј чекале водичот во „Аја Софија“ да почне да зборува и да го привлече вниманието на присутните, за и тие да почнат со акција.
– Јесеј и јас за себе размислуваме како за модерни Бони и Клајд на Бонд мисија и уживаме во секоја минута опасност – истакнала Мариса.
Фото – lifenews_ru/Jesse Walker