Џенифер Гарнер си најде ново момче, но тој е оженет

615

По разводот со Бен Афлек, холивудската ѕвезда Џенифер Гарнер си најде ново момче – бизнисменот Џон Милер, со кого се во врска веќе шест месеци.

– Нашата врска е здрава и полна љубов – изјави глумицата за Ју-ес Викли.

Милер е сопственик на синџирот ресторани „50 Кали-бургер“ и како што пренесуваат медиумите, тој е сѐ уште оженет. Имено, иако тој и неговата сопруга Каролина Кемпбел живеат разделено од 2014 година, официјално не се разведени. Тој, исто како и Гарнер, има 12-годишно дете.

Гарнер и Афлек се разделија 2015., но документите за развод ги потпишаа годинава. Заедно ги имаат ќерките Вајолет (12), Серафина (9) и синчето Семјуел (6).

ФОТО: видео

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...