На големата сцена на Македонската опера и балет на 30 октомври и на 2 ноември во 20 часот ќе се изведе најдобриот балет на сите времиња „Лебедово езеро“.
Класика која ја раскажува вечната борба помеѓу доброто и злото. Легендата за мистериозната лебед-жена е еден од најромантичните класични балети, и се карактеризира со многу елеганција, стил и хармонија. Со познатата, лирска мелодија на Чајковски, „Лебедово езеро“ ја отсликува трагичната љубов помеѓу принцезата Одета и принцот Зигфрид.
Настапуваат Мими Поп Алексова-Атанасовскa, Васил Чичиjашвили и Игор Веланоски во вторник, 30 октомври.
На 2 ноември , петок настапуваат Марија Кичевска Шокаровска, Бобан Ковачевски и Игор Веланоски
Солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Македонската опера и балет
Диригент: Бисера Чадловска
Билетите се веќе пуштени во продажба на билетарницата на МОБ: 02 3118-451 и онлајн: www.mob.mk