Тројца повредени во нов инцидент на границата БиХ – Хрватска (ВИДЕО)

109

На граничниот премин Маљевац синоќа дојде до уште еден инцидент со мигрантите, во кој се повредени најмалку три лица, од кои едно е припадник на Граничната полиција на Босна и Херцеговина.

Мигрантите почнале да се туркаат меѓу себе, но и со граничната полиција откако ги преместија шаторите кои претходно ги поставија на територијата меѓу БиХ и Хрватска.

Шаторите насилно се преместени на стотина метри од мостот на кој хрватската полиција постави кордон, поради тоа што некои мигранти со предмети фрлаа кон хрватските полицајци.

Претходно беше најавено дека граничните полицајци се обидоа да воспостават нормален сообраќај на преминот Маљевац, со надеж дека ќе се договорат со мигрантите.

Ова не е е прв инцидент, бидејќи во текот на вчерашниот ден тројца мигранти се здобија со полесни телесни повреди во судир со полицијата на преминот Маљевац, во Велика Кладужа, а меѓу нив имаше и едно дете.

Еден полицаец од БиХ исто така е полесно повреден.

Хрватската полиција од другата страна на границата ја набљудува состојбата по воздушен пат, а покрај мостот е поставен и воден топ во случај мигрантите да одлучат да тргнат.

ФОТО: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...