Откако утрово здравствената состојба на пејачот кој е тешко повреден во сообраќајка се стабилизирала, подоцна повторно се искомплицирала.
Според сознанијата на српските медиуми, на Лазиќ му откажал најпрво бубрегот, а потоа и едното белодробно крило. Неговата состојба е будно набљудувана од лекарите од земунската болница и реагираат на секоја евентуална промена.
Тој ќе мора да оди и на дијализа поради откажаниот бубрег, а откако ќе му се стабилизира состојбата ќе може да се размислува и за хируршка интервенција.
Според семејството и менаџментот, сè зависи од тоа дали организмот самиот ќе успее да се избори со повредите. Во овој момент најважно е да не дојде до внатрешно крварење.