Саудискиот крал и принц се сретнаа со семејството на Кашоги

Фотографијата на која принцот му изразува сочувство на синот на Кашоги предизвика бурни коментари на Твитер.

284

Саудискиот крал Салман и неговиот син престолонаследникот Мохамед бин Салман вчера го примија семејството на убиениот новинар Џамал Кашоги, јавија саудиските државни медиуми.

Тие се сретнаа со синот на Кашоги, Салах Кашоги и братот Сахел. Како што е соопштено, саудиските лидери му изразиле сочувство на семејството на новинарот.

Фотографијата на која принцот му изразува сочувство на синот на Кашоги предизвика бурни коментари на Твитер.

Пријател на семејството Кашоги, кој побарал да остане анонимен затоа што се плаши за својата безбедност, за светските агенции изјавил дека Салах има забрана за патување, откако неговиот татко почнал критички да пишува за принцот во „Вашингтон пост“.

– Го донесоа во кралскиот дворец за да прими сочувство. Погледот на неговото лице. Оваа фотографија ме тера да викам и да фрлам, напишал Манал ал-Шариф, автор на книгата „Осмелување за возење: Будење на Саудиската жена“.

Фади Ал-Кади, активист за заштита на човековите права на Блискиот Исток, исто така, ја осуди фотографијата и ја нарече „безмилосна“.

ФОТО: Saudi Press Agency

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...