Триесет и четиригодишниот канадски рапер Џон Џејмс Мекмари загина додека снимаше музички спот, рапувајќи на крило од авион во кој изведува акробации.
Менаџерот на раперот, Рајан Дероше, изјавил дека музичарот интензивно вежбал за акробацијата, но несреќата се случила кога малата „цесна“ направила спирала во моментот кога Џон направил исчекор на крилото од авионот.
Од тимот на раперот раскажале дека во тој момент раперот паднал и се фатил за крилото, за кое долго се држел, а потоа се обидел да го активира падобранот, но веќе било предоцна.
Џон Џејмс Мекмари паднал на земја и загинал на лице место. Пилотот подоцна безбедно го приземјил авионот.
Фото: Инстаграм