Бизнисмените ќе се запознаваат со концептот овластен економски оператор

Последните измени на Царинскиот закон, се однесуваат и на критериумите за издавање на одобрение за овластен економски оператор кои се целосно усогласени со националните прописи и одредби за ОЕО на Царинскиот закон на Европската унија.

143

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) во соработка со Царинската управа на Република Македонија, организира настан на тема: „Овластен економски оператор – нов тренд во царинското работење, предизвици, искуства и поедноставување на царинското работење“.

На настанот ќе се обратат Ѓоко Танасоски, директор на Царинска управа на Република Македонија и Данела Арсовска, претседател на ССК.

Целта на настанот е промовирање на концептот на „Овластен економски оператор“, пред компаниите членови на Сојузот, презентирање на неговата тековна примена, со осврт кон предизвиците, придобивките и досегашните искуства.

Концептот на Овластен економски оператор е еден од инструментите за олеснување на трговијата. Последните измени на Царинскиот закон, се однесуваат и на критериумите за издавање на одобрение за овластен економски оператор кои се целосно усогласени со националните прописи и одредби за ОЕО на Царинскиот закон на Европската унија. Успешноста на примена на концептот зависи од интересот на компаниите да го применуваат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...