Во 2022 година репликата на легендарниот брод, која го носи и истото име, ќе заплови од Дубаи и ќе се прикотви во Саутемптон.
Оттаму пак, ќе започне долго патување по оригиналната маршрута на „Титаник“ и ќе пристигне до Њујорк, како што било и предвидено со планот за првиот брод.
„Титаник 2“ е подеднакво луксузен како и својот несреќен претходник, но за разлика од првиот, во овој е вградена помодерна технологија за навигација и безбедност на патниците.
Сопственик на овој брод е „Блу стар лајн“ и неговата изградба започна во 2012 година, но потоа беше прекината поради финансиски неприлики. По неколку години продолжи проектот, а првото пловење е закажано за 2022 година, од пристаниште во Дубаи.
„Титаник 2“ чини 435 милиони евра, а ќе може да превезе 2.400 патници и најмногу 900 членови на екипажот.