Турски приватен авион се урна во Иран, 11 загинати

Иранската државна телевизија јави дека авионот летал од Шардж во Обединетите Арапски Емирати до Истанбул и дека се срушил во планинско подрачје по што се запалил.

177

Единаесет лица загинаа откако турски авион денеска се урна во југозападниот дел на Иран, јавија иранските медиуми.

Портпарол на цивилните воздухопловни власти на Иран потврди дека станува збор за турски приватен авион и за 11 загинати.

– Можеме да потврдиме дека турски приватен авион при пролетување на нашиот воздушен простор исчезна од радарот и се урна во близина на Шар е Корда- изјави портпаролот за агенцијата Исна.

Иранската државна телевизија јави дека авионот летал од Шардж во Обединетите Арапски Емирати до Истанбул и дека се срушил во планинско подрачје по што се запалил.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...