Компанијата АХЛОТ од Канада нуди работа – дегустатор на марихуана

297

Компанијата АХЛОТ од Торонто вработува „дегустатор на марихуана“ со што ќе се тестираат вкусовите на различните видови канабис од лиценцирани производители низ Канада, а потоа ќе им се опиушуваат на клиентите.

Да, навистина се нуди работа која подразбира пушење на џоинт.

Дегустаторите ќе пробуваат различни видови на марихуана, при што заинтересираните може да аплицираат за една од петте достапни позиции, а работата се плаќа 50 долари на час. Успешните кандидати, исто така, ќе добијат бонус од 200 долари за трошоци секој месец, за ангажираност од само 16 часа.

– Заработете 50 долари на час со тоа што ќе проценувате што нудат канадските одгледувачи – се вели во огласот на канадската компанија, која бара луѓе што извесен период користеле марихуана.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...