Четириесет и шестгодишната актерка Селма Блер боледува од мултиплекс склероза и одлучи оваа информација да ја сподели со јавноста со намера да им се заблагодари на сите оние кои и помагале во изминатите месеци, откако разбрала за својата дијагноза.
Ѕвездата од „Врисок“ и „Справување со бесот“ во исповед на социјалните мрежи напишала дека со години ги чувствувала симптомите, но дека дијагнозата и била поставена дури во август оваа година.
– ОК сум, но ми беше тешко да ја прифатам дијагнозата кога ми ја соопштија. Инвалид сум. Паѓам. Испуштам работи. Заборавам, а левата страна од моето тело бара упатства од расипан ГПС. Но, успеваме. И се смеам и не знам што ќе направам, но знам дека ќе дадам се од себе – напиша Селма на Инстаграм.
Кога и ја утврдиле дијагнозата, лекарите и рекле дека болеста ја има најверојатно 10 години.
ФОТО: Инстаграм