„Златна Петорка” избран за најдобар странски филм

782

Жири во состав од еминенти филмски професионалци ја додели наградата за најдобар странски филм на македонскиот филм „Златна петорка“. Со над триесет фестивали и единаесет награди,филмот „Златна петорка“ е еден од најуспешните македонски филмови во последната деценија.

Филмот веќе трета сезона патува по фестивали и досега е прикажан на сите континенти, учествувал на над 30 фестивали и освоил 11 награди, а го виделе над 80.000 гледачи, со што е најуспешен македонски филм последнава деценија.

Сценариото за овој македонски филм е инспирирано по вистинит настан и е работено по прозни и драмски мотиви на Братислав Ташковски. Директор на фотографија е Апостол Трпески, монтажери се Андрија Зафрановиќ и Аристид Филактов, сценограф е Кирил Спасески, костимограф Нела Тодоровска, шминка Ирена Сенокозлиоска, музиката е на Дарко Спасовски и Горан Керкез. Во филмот улогите ги толкуваат актерите Славко Штимац, Јана Стојановска, Љупка Џундева, Игор Ангелов, Петар Арсовски, Васил Михаил, Ненад Милосављевиќ, Билјана Таневски, Дине Дрваров, Стојан Велков, Александар Ристоски, Влатко Илиевски, Григор Јовановски, Игор Тодоров, Виктор Јакимовски и др. Продуцент е Дејан Милошевски („Револушн“ – Скопје).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...