Шутановац поднесе оставка во Демократската партија

Според него, одлуката за оставка не е мотивирана од притисоци, туку како одговорност за резултатот што ДС го постигна на изборите.

268

Претседателот на Демократската партија (ДС) Драган Шутановац денеска поднесе оставка на функцијата, но останува во партијата, јави Танјуг.

Според него, одлуката за оставка не е мотивирана од притисоци, туку како одговорност за резултатот што ДС го постигна на изборите.

– Нашата листа досега беше најдобра, но не успеавме да ја промовираме и резултатите се такви какви што се. Се покажа тоа што го зборувавме цело време, дека слаба ДС гарантира опстанок на оваа власт. Затоа бевме мета пет години, но нема да се предадеме, ќе свртиме нов лист – рече Шутановац.

Тој додаде дека ќе ја води партијата до изборот на нов претседател.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...