Партијата на Качински победи на регионалните избори, опозицијата ја освои Варшава

Проевропскиот кандидат на опозицијата победи на локалните избори за градоначалник на Варшава.

129

Владејачката партија Закон и право победи на регионалните избори во Полска изјави синоќа лидерот на партијата Јарослав Качински.

– Победивме…ова добро изгледа за иднината особено кога се во прашање парламентарните избори – рече Качински ставајќи акцент на парламентарните избори закажани за следната година.

Според излезните анкети, партијата Закон и право освои 32,3 отсто од гласовите на вчерашните регионални избори.

Според податоци на Ипсос, коалицијата на центристички партии освои 24,7 отсто од гласовите.

Според истите анкети, проевропскиот кандидат на опозицијата победил во првиот круг од локалните избори за градоначалник на Варшава.

Рафал Трѕасковски, некогашен пратеник во Европскиот парламент, ја добил поддршката од 51,4 отсто гласачи, покажаа излезните анкети на Ипсос.

Со тој резултат тој го избегна вториот круг од гласањето на 4 ноември, јавуваат некои светски медиуми.

Излезноста на изборите била 51,3 отсто, што е повеќе во однос на 2014 година, покажуваат излезни анкети од 1.160 гласачки места во Полска.

ФОТО: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...