Кога Договорот од Преспа ќе дојде во грчкиот Парламент, Независни Грци ќе ја напуштат Владата. Овој став уште еднаш го повтори коалицискиот партнер и министер за одбрана на Грција, Панос Каменос, говорејќи во Солун пред членовите на Национален совет на неговата партија, во отчетот за четиригодишното учество во Владата.
– Нашата соработка со Владата, нашиот престој во Владата ќе биде се додека не дојде „нож до коска“, односно додека да дојде Договорот во грчкиот Парламент. Од каде што чесно и јасно, како што изјавивме, ние ќе си заминеме. Не постои појасна позиција, рече Каменос и уште еднаш го изрази неговото и несогласувањето на Независни Грци со Договорот од Преспа. Уште од основањето на партијата, тие не прифаќаат сложено име со вклучен термин Македонија.
Лидерот на Независни Грци сепак објаснил дека Владата нема да падне, а истакнал дека се уште важи она за кое што се согласиле со грчкиот премиер, за Договорот од Преспа одново да разговараат во март следната година.
Панос Каменос рече дека 2019 е година на избори кои ќе се одржат или во октомври или во мај.