Вулин: На идејата за разграничувањето со „Голема Албанија“ најмногу се противат Црна Гора и Македонија

395

Српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, во интeрвју за весникот „Политика“, говорејќи за формирањето на косовската војска и разграничувањето, изјави дека на идејата за разграничувањето со „Голема Албанија“ најмногу се противат земјите од регионот – Црна Гора и Македонија.

– Процесот на решавањето на националното прашање на Србите ќе започне кога ќе бидеме раздвоени од Албанците. Време е Србија да почне да мисли само за себе и за својот народ – порача Вулин и додаде „што побргу биде воспоставено јасно разграничување со „Голема Албанија“, Србија се повеќе ќе има можности да го сопре нејзиното ширење и да ги зајакне своите позиции.

Како што оцени тој, „на оваа идеја најмногу се противат земјите од регионот-Црна Гора и Македонија, кои го признаа Косово и ја обвинија Србија дека ги предизвикала сите војни и конфликти, а денес се плашат од можноста „Голема Албанија“ да почне да се создава на нивните територии“.

Прашан дали КФОР на Косово може да го заштити српското население, Вулин одговори дека „ или меѓународната заедница е немоќна да го обезбеди мирот и владеењето на правото или т.н. војска на Косово  е непотребна авантура која може да го загрози мирот на Косово, но и во регионот, или нема трета опција“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...