Последниве месеци се шпекулираше дека бракот на Дејвид и Викторија Бекам е во криза, што дизајнерката неодамна демантираше, а исто така сега и поранешниот фудбалер. Но, тој признава дека бракот е тешка работа.
Некогашната ѕвезда на Манчестер јунајтед во телевизиско интервју, меѓу другото, изјавил дека неговиот брак е тешка работа.
– Кога сте во брак толку долго, колку што сме ние двајцата, тоа подразбира тешка работа. Во последно време стана и малку покомплицирано – изјавил Бекам за бракот со Викторија, со која се венчаше перд 19 години и има четири деца.
Тој додал дека постои само една работа во животот заради која што жали, но не открил за што се работи. Претходно Викторија даде интервју за британски „Вог“, во кое зборуваше за своите деца, но не и за сопругот.