Џекпотот на американскиот „Мега милионс“ достигна 1,6 милијарда долари

Следното извлекување на оваа игра на среќа е превидено за во вторник.

109

Џекпотот на играта на среќа „Мега милионс“ на државната лотарија на САД порасна на 1,6 милијарда долари, откако главната премија не се падна ниту при синоќешното извлекување.

Џекпотот од 1,6 милијарди долари е досега рекордна сума во историјата на америакнската лотарија.

Досегашниот најголем џекпот изнесуваше 1,56 милијардио долари и се падна во 2016 година на играта на среќа „Пауербол“.

– За нас ова е непозната територија. Возбудливо е да се гледа како луѓето ширум земјата купуваат тикети и се придружуваат кон забавата, изјави директорот на лотаријата Гордон Меденица.

Џекпотот на „Мега милионс“ последен пат беше извлечен на 24 јули, кога добитникот освои 543 милиони долари.

Следното извлекување на оваа игра на среќа е превидено за во вторник.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...