ЕК: Словенија да го усогласи буџетот со препораките

Како што објави љубљанско „Дело“, Словенија доставила до Комисијата „стар" буџетски план од претходната влада на Миро Церар, усвоен во есента 2017 година,

212
EPA-EFE/ARSHAD ARBAB

Европската комисија ја повика Словенија што побрзо да достави нов план за државниот буџет за следната година, во кој ќе вгради препораки за макроекономска стабилност и фискалното правило за состојбата со јавните финансии. Тоа се толкува во Словенија како изненадување од владата на премиерот Марјан Шарац.

Словенечки медиуми објавуваат писмо до Љубљана испратено од Брисел кое бара одговор до понеделник, иако новата влада, која е на власт помалку од два месеца, ќе започне преговори со синдикатите од јавниот сектор за нивните барања што ќе може да ги зголеми буџетските расходи за 200 милиони евра годишно.

Како што објави љубљанско „Дело“, Словенија доставила до Комисијата „стар” буџетски план од претходната влада на Миро Церар, усвоен во есента 2017 година, според кој буџетот следната година ќе има суфицит од 0,2 отсто од БДП, а уделот на јавниот долг во БДП би бил намалени на 66,6 проценти.

Сепак, според методологијата што ја применува ЕУ, Словенија ќе има структурен дефицит од 0,6 отсто од БДП следната година, а до средината на оваа година е повикувана за мерки за балансирање на приходите.

Словенечките медиуми објавија дека Словенија, Белгија, Франција, Шпанија и Португалија имаат исто така резерви за буџетските планови, додека критична е ситуацијата со Италија чиј буџет е одбиен од Комисијата, и дека писмото со предупредувања се уште може да се протолкува во Љубљана како „шамар” за новата влада.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...