Возовите ќе сообраќаат од Битола до Каменица од крајот на годинава

Поставени се нови шини и прагови во должина од 18 километри, како и нов оптички кабел во иста должина.

475
pruga

Градежните работи на пругата Битола-Кременица се очекува да завршат до крајот на годинава, согласно податоците на изведувачот.

Досега 90 отсто од градежните работи се веќе завршени.

Пругата е со должина од 17 километри, во рамки на кои се веќе изградени: 9 мостови, 38 пропусти, 30 премини за животни, нова станична зграда и нова зграда за сигнализација и телекомуникации во областа Жабени. Поставени се нови шини и прагови во должина од 18 километри, како и нов оптички кабел во иста должина.

Како што соопшти Министерството за финансии, до крајот на годината изведувачот ќе работи со машиниско регулирање на нивото на колосекот на проектираната висина, на осум патни премини, на зградата на магацинот во Жабени и на поставување на опремата за сигнализација и телекомуникации.

Градежните работи на пругата од Битола до Кременица, започнаа во февруари 2018 година. Изведувач на проектот е STRABAG Rail Gmbh во конзорциум со STRABAG AG од Австрија. Вредноста на потпишаниот договор изнесува 17.1 милиони евра. Договорот со претходниот изведувач од Бугарија беше прекинат во 2016 година поради слаба реализација на проектот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...