„Градот“ е уникатно визуелно дело, резултат на заедничката работа на група од 12 студенти од Катедрата по графика, на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.
Младите креативци своите доживувања и асоцијации за градот, ги прикажуваат прееку цртеж, кој потоа е транспониран во графика преку техниката сито печат. Освен на хратија, графиките се испечатени и на маици во лимитиран тираж.
Секој од дванаесетте учесници, студенти на 3.година на Катедрата по графика во класата на проф.Славица Јанешлиева-Бочварска, се претставени со по една маица на која е испечатена нивната порака и креација.
Соочувањето на младите уметници со можноста за јавно изнесување на нивните ставови и размислувања, како и неконвенционалното изложување на нивните дела во Мобилна/Монтажна галерија која се наоѓа во јадрото на градот на кој му е и посветен овој проект, соодветствува со целите на вон-наставните истражувачки и уметнички проекти на Факултетот.
Проектот „Градот“ е осмислен и реализиран под менторство на проф.Славица Јанешлиева-Бочварска, стручна помош од проф. Ладислав Цветковски и експертот за сито-печат Душко Стојановски.
Учесници/автори во овој проект се: Аврамовски Иван, Блажева Леона, Иванова Петранка, Камчев Мартин, Мусли Бурџиу, Николовски Стефан, Русевска Јана, Секулоска Ивана, Симовска Христина, Соколовска Анџела, Стоилковски Дејвид, Христовска Ивана.