Милена Дравиќ погребана во Алејата на заслужните граѓани во Белград

152

Дивата на српското и екс-југословенското глумиште Милена Дравиќ денеска беше погребана во Алејата на заслужните граѓани на Новите гробишта во Белград.

На погребот присуствуваа бројни нејзини колеги, пријатели и почитувачи, а претходно во театарот „Звездара“ се одржа комеморација.

Меѓу актерите кои дојдоа да изразат сочуство и за последен пат да се збогуваат со Дравиќ беа и Воја Брајовиќ, Раде Шербеџија, Драган Бјелогрлиќ и Аница Добра.

На самиот крај на комеморацијата беше пуштена песната „Милена“ на Арсен Дедиќ, а колегите низ солзи и со последен аплауз ја испратија една од најдобрите актерки на овие простори.

Милена Дравиќ беше погребана покрај нејзиниот сопруг Драган Николиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...