За секоја промена на мандатот на КБС целосна консултација со сите заедници на Косово

102
За секоја промена на мандатот на Косовските сили за безбедност (КБС) важна е  целосна консултација со сите заедници на Косово, како и со Северноатлантската алијанса, порача НАТО.  

– Нагласуваме дека секоја иницијатива која се однесува на мандатот на Косовските сили за безбедност бара целосна консултација со сите заедници на Косово, како и со НАТО сојузниците, изјавиле за Танјуг извори во НАТО во Брисел.

По повод усвојувањето на законот за трансформација на Косовските сили за безбедност во Косовски безбедносни сили што се толкува како нов чекор кон воведување косовска армија, од НАТО повторија дека доколку мандатот на Косовските сили за безбедност се промени и Алијансата ќе го преиспита својот ангажман на Косово.

– Политиката на НАТО е константна и суштината на нашата позиција е доколку мандатот на КБС еволуира и Северноатлантската алијанса ќе мора да го преиспита својот ангажман на Косово, рекле претставници на НАТО за Танјуг.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...