НАТО ги поддржува КБС во сегашниот мандат

Косовското Собрание вчера усвои три владини предлог-закони во прво читање за трансформација на Косовските сили за безбедност во Косовска армија.

103

НАТО ги поддржува Косовските безбедносни сили (КБС) во нивниот сегашен мандат, а ако тој мандат се смени, Северноатланската алијанса ќе мора да го преиспита нивото на ангажирање на НАТО на Косово, изјави неименуван претставник на НАТО за британски медиуми.
Тој по повод одлуката на Собранието за трансформација на КБС во војска наведе дека останува на косовските власти да одлучат за каква била промена на структурата, мандатот и мисијата на КБС.

-НАТО ги поддржува Косовските безбедносни сили во нивниот актуелен мандат. Ако тој мандат биде променет, Северноатланската алијанса ќе мора да го преиспита нивото на ангажирање на НАТО на Косово. Ние не можеме да ја предвидиме одлуката на Северноатланската алијанса – наведе претставник на НАТО за британски медиуми.

Косовското Собрание вчера усвои три владини предлог-закони во прво читање за трансформација на Косовските сили за безбедност во Косовска армија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...