Уништена од пластични операции, Мег Рајан непрепознатлива

аа веќе не изгледа како Мег Рајан што ја знаеме и во која бевме вљубени – изјавил режисерот на филмот „Кејт и Леополд“ Џемјс Манголд.

986

Кариерата на Мег Рајан се катапултираше во ѕвезди благодарение на романтичните комедии „Бессони во Сиетл“, „Кога Хари ја сретна Сали“, „Француски бакнеж“, „Кејт и Леополд“, „Имате пошта“.

Актерката ненадејно исчезна, бидејќи знаела колку Холивуд е суров кон жените во одредени години од животот, па одлучила да се подмлади. Желбата засекогаш да остане млада скапо ја чинела.

По неколкуте пластични операции на лицето Мег Рајан е непрепознатлива.

– Направила премногу промени. Таа веќе не изгледа како Мег Рајан што ја знаеме и во која бевме вљубени – изјавил режисерот на филмот „Кејт и Леополд“ Џемјс Манголд.

Промената на лицето Мег Рајан ја започна со филер за усните, но за жал, убавата актерка не застана тука.

– Не се само усните во прашање. Носот е поинаков, јаболчниците, ботоксот е повеќе од очигледен. Луѓето не сфаќаат дека постои зависност од пластичната хирургија. Таа не е единствениот пример. Обично тоа е обид да се реши некој вид на личното незадоволство – објаснил пластичниот хирург Марк Робери.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...