Научници открија полжав стар 99 милиони години

102

Кинески научници открија полжав стар 99 милиони години. Праисторискиот примерок е пронајден во парче килибар во Мјанмар, објави „Нешанл џеографик“.

Ова е можеби едно од најзначајните откритија во историјата на палеонтологијата, бидејќи во фосилниот облик се зачувало мекото ткиво на животното, и ова е прв таков случај. Од мекото ткиво, зачувани се главата, стопалата и роговите, а примерокот е долг едвај 0,5 сантиметри.

Професорката Лида Синг од кинескиот Универзитет за геологија во Пекинг нагласи дека роговите и едно око на полжавот се зачувани недопрени од времето во парчето килибар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...