Извршната директорка на Европскиот фонд за Балкан Хедвиг Морваи истакна дека треба да се заборави 2025 година, како датум за влез на Западен Балкан во ЕУ.
Таа истакна дека така треба да се однесува, бидејќи не е можно да се оствари целта дотогаш.
Морваи наведе дека регионот не ја одработува својата работа, а ЕУ не е подготвена да го смени пристапот кон регионот, бидејќи самата се соочува со тешки предизвици.
Таа го истакна значењето на регионалната соработка и вели дека таа е средство за развој на регионот.
-Треба да се искористи регионалната соработка за да решиме некои тешки прашања – рече Морваи.
Таа оцени дека на почетокот на годината имало некои позитивни чекори во регионот, и од страна на ЕУ, но сега повторно се наоѓаме таму каде што сме биле.