Креч: Бројот на убиени порасна на 20, од кои 11 се малолетни

Властите соопштија дека случајот се води како масовно убиство, а не тероризам како првично што се сомневаа.

175

Бројот на жртвите во вчерашниот напад во колеџ во Керч на Крим, се зголеми на 20, соопшти министерката за здравство на Русија, Вероника Скворцова.

– Загинаа 20 лица, меѓу кои 15 студенти и пет вработени на факултетот. Од 15 настрадани студенти, 11 се малолетни, изјави таа.

Министерката наведе дека се хоспитализирани 44 луѓе со „различен степен на повреди“.

Како извршител на нападот е идентификуван Владислав Росљаков(18). Властите соопштија дека случајот се води како масовно убиство, а не тероризам како првично што се сомневаа.

На Крим е прогласена тридневна жалост.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...