Современата медицина нуди можност за зачувување, односно замрзнување на јајните клетки кај жените кои сѐ уште не се одлучиле за бременост, а годините ближат кон критичната возраст, кон 40-тата, вели д-р Владимир Трајковски, специјалист акушер, гинеколог и ИВФ специјалист, во Центарот за плодност „Newborn Clinic“ .
Kолку годините кај жената влијаат на можноста за забременување? Дали постои некоја старосна граница?
– Репродуктивното доба е често користен термин да го обележи периодот кај жената кога е репродуктивно способна. Значи, годините најмногу влијаат во способноста да се забремени. Дотолку поверојатно колку што е поблизу до оној временски период по првото менструално крварење до воспоставување на редовниот месечен циклус означен со плодните денови, односно со овулацијата, некаде на средината помеѓу две менструални крварења. Крајот на репродуктивното доба го означува последното менструално крварење, менопаузата. Поблизу до менопаузата веројатноста да се забремени опаѓа поради исцрпените резерви на јајниците и квалитетот на јајните клетки. Од 20. до 25. година е пикот на можноста да се забремени, а потоа на секои пет години опаѓа и тоа се побрзо по 35. година, а особено по 40. година од животот.
Кои испитувања се прават за да се одреди оваријалната резерва?
– Оваријалната резерва, односно капацитет, е одредена уште на раѓањето на женското дете со бројот на фоликулите, односно јајните клетки кои потоа сукцесивно опаѓа особено по почетокот на редовните менструални циклуси. Затоа, најнапред се прави УЗ преглед во деновите на крварење кога се мобилизира капацитетот на јајниците и се пребројуваат фоликулите. Во истите денови се прави хормонски статус. Зависно од резултатите и наодот од УЗ се прави оценка на резервата. Доколку тие говорат за намалена резерва, може да се изведе и анализа од крвта по прашање на вредноста на антимилеровиот хормон.
Кои се ризиците кај бременоста во подоцнежните години?
– Бременоста освен физиолошка може да биде и патолошка. Втората може да се пројави и кај исклучително млади трудници. Во бременостите во подоцнежна возраст може да се надгради на веќе постоечките морбидни состојби кои се резултат на наследниот фактор или новостекнати во актуелниот живот. Се разбира, и стареењето на органските системи, особено на кардиоваскуларниот, и исцрпувањето на ендокриниот систем имаат значајно влијание на комплицирање на бременоста. Сѐ ова значи почест и подетален мониторинг на бременоста кај трудниците по 35. година, како на здравјето на трудницата така и на плодот.
Какво решение нудите доколку причината за стерилитет се годините? Што може жената да направи во ваков случај?
– На сцена е модерно доба кога можностите кои ги нудат развиените заедници доведуваат до појава на сѐ постари парови, како и повозрасни мајки, иако може да се каже дека помалку е неразбирливо одложувањето на родителството од страна и на машкиот и на женскиот партнер, а особено на женскиот. И во тој поглед современата медицина нуди можност за зачувување, односно замрзнување на јајните клетки кај жените кои сѐ уште не се одлучиле за бременост, а годините ближат кон критичната возраст, кон 40-та. Следна можност кај намалената оваријална резерва на база на возраста е колекционирањето, односно сукцесивните процедури, со најмала употреба на медикаменти и во најдобра рака добивање на ембриони во последователни циклуси, нивно замрзнување со цел за подоцнежен трансфер и обезбедување на прифатлива „резерва“. Се користи и постапката на таканареченото „подмладување“ – рејувенација на јајниците. Крајна инстанца во решавање на проблемот на годините и можноста да се забремени кога јајниците се исцрпени е купување на јајни клетки од банките или обезбедување на сопствен донор.
Њуборн Клиник – Центар за плодност,
Адреса: Булевар Илинден 107, 1000 Скопје, Телефон : +389 (0)2 2734 350
(промотивен текст)