Пратеникот од движењето Двери, Срѓан Ного во емисија на Јутјуб каналот им се заканил со смрт на српскиот претседател Александар Вучиќ и на премиерката Ана Брнабиќ.
Ного во изјава за еден медиум на Јутјуб каналот истакнал дека, според неговите сознанија, Ана Брнабиќ веќе го потпишала Даблинскиот договор со ЕУ за мигрантите, и доколку е тоа вистина тогаш „таа треба да биде обесена во истиот момент на плоштадот Теразије, а покрај неа да виси и Александар Вучиќ“.
– Доколку Брнабиќ навистина го потпишала Даблинскиот договор, а јас имам некои информации дека го направила тоа, тогаш Брисел може да и испорача на Србија еден милион и двесте илјади мигранти, тврди Ного.