Лидерите на ЕУ сметаат дека нема доволно напредок во преговорите за Брегзит, за да се свика вонреден самит во ноември, изјавија официјални претставници на ЕУ.
-Лидерите на 27-те членки (држави челенки на ЕУ без Велика Британија) забележаа дека и покрај интензивните преговори не е постигнат доволен напредок, изјави извор, кој присуствувал на работната вечер на лидерите.
-Лидерите се подготвени да го свикаат Европскиот совет ако и кога главниот преговарач на ЕУ извести дека е направен голем напредок. Засега 27-те членки не планираат да одржат вонреден самит на врвот по Брегзит во ноември – рече изворот.
Лидерите на 27-те го повикаа главниот преговарач Мишел Барние да продолжи со своите напори да се постигне договор.