Напаѓачот во колеџот во Керч легално поседувал оружје, соопшти премиерот на Крим Сергеј Аксјонов.
– Тој законски поседувал оружје – рече Аксјонов.
Претходно, пратеникот Александар Хинштајн изјави дека 18-годишниот студент Владислав Росљаков минатиот месец добил дозвола за носење пиштол.
Во вчерашниот напад била активирана експлозивна направа, а потоа напаѓачот пукал со пушка. Во инцидентот се убиени 19 лица, меѓу кои и напаѓачот кој се самоубил.
Повредени се 53 лица, од кои 12 се во тешка состојба.
Росљаков беше ученик во четврта година. Неговото тело со прострелна рана е пронајдено во библиотеката на вториот кат. Тој немал криманално досие, не бил агресивен, бил примерен ученик и добивал стипендија.