Кубанските дипломати со ударање по масите и извици направија хаос на состанокот на ОН, што го закажа САД за да укаже на политичките затвореници на Куба.
Дипломатите на Шпански извикуваа „Куба да, американска блокада НЕ”. Бучниот состанок меѓу американската амбасадорка во ОН, Кели Кари и високите претставници на диплоамтијата на САД во просториите на Економско – социјалниот совет на ОН траеше повеќе од 45 минути.
Кари со големи тешкотии, прекини и повици до обезбедувањето успеа да одржи воведен говор .
Пред салата таа на новинарите им изјави дека кубанските дипломати треба да се срамат од своето однесување и дека ќе го покрене тоа прашање со соодветните претставници на Обединетите Нации.
A U.S. led "Jailed for what" campaign aimed to criticize human rights situation in Cuba on Tuesday met fierce protest at the UN. "Cuba yes! blockade no!" chanted the participants in Spanish with hands pounding the desks while U.S. envoy Kelley Currie and others were speaking. pic.twitter.com/F4rKfLtabX
— China Xinhua News (@XHNews) October 17, 2018