„Волстрит журнал“: Државни инвестициски фондови бараат смена на Закерберг

157

Неколку државни инвестициски фондови во САД го поддржаа предлогот за отпуштање на Марк Закерберг од функцијата претседател на советот на директори на социјалната мрежа Фејсбук, соопшти весникот „Волстрит журнал“

Секретарот за финансии на Њујорк, Скот Стрингер, кој раководи со пензискиот фонд на државните службеници на градот, како и секретарите за финансии на сојузните држави Роуд Ајленд, Илиноис и Пенсилванија, побараа заминување на Закерберг од раководната позиција на компанијата.

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, во денешната изјава тие го поддржаа предлогот од фондот „Трилиум асет менаџмент“ даден во јуни.

-За Фејсбук да излезе од оваа непријатна ситуација во која се најде, и за да ја врати довербата на Американците и инвеститорите потребен е независен претседател на советот на директори, се вели во ссопштението на Стрингер.

Во изминатите неколку години социјалната мрежа се најде во средиштете на неколку скандали поврзани со нејзина злоупотреба, со можна вмешаност во изборите во САД и ширење на лажни информации, до предавање на кориснички податоци на трети лица и пробивање на десетици милиони профили.

Акциите на компанијата од јуни паднаа за 27 отсто, а годинава од Фејсбук заминаа соосновачите на „Инстаграм“ и „Ватсап“.

Сепак, заминувањето од таа функција за Закерберг нема да има никакви последици. Тој контролира 59.9 отсто од акциите на Фејсбук.

На годишното собрание на компанијата во 2017 се гласаше за такво слично  решение за поделба на должноста со управување на компанијата за да се подобри нејзиното корпоративно управување. Тогаш, за измени во раководната функција на компанијата гласаа помалку од половина од нејзините акционери.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...