Салвини: Италија нема да поддржи продолжување на санкциите против Русија

168

Италијанскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Матео Салвини, кој е и шеф на крајнодесничарската партија „Лига”, го осуди денеска во Москва „лудилото” на западните санкции против Русија и остро ја критикуваше Европската унија.

– Дојдов, бидејќи сум убеден дека санкциите се економска, социјална и културна лудост – рече Салвини на руско-италијанската бизнис-средба.

Изјавата на Салвини предизвика аплауз во конференциската сала полна со руски и италијански претприемачи, од кои некои побараа од министерот да помогне да се стави крај на санкциите.

– Не е нормално да сум тука со вас во среда попладне. Нормално е вие ​​да сте во фирмите, а јас да сум со рускиот колега за да зборуваме за борбата против тероризмот, кибер безбедноста и слично – изјави Салвини, кој беше примен само од страна на рускиот заменик-министер за надворешни работи Александар Грушко, но не и од други официјални претставници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...