Интерпол соопшти дека запленил 55 тони различни видови наркотици и приведени се 1.300 осомничени во глобална координирана операција.
Полицијата запленила повеќе од 35 тони кокаин, пет тони хероин, 15 тони канабис и 430.000 амфетамини.
-Во текот на првата глобална иницијатива, која истовремено ги вклучила сите региони на Интерпол во борба против трговија со дрога, безбедносните комуникациски ситеми на организацијата им овозможиле на учесниците да ги координираат своите акции со полицијата од било кој дел на светот – се наведува во соопштението на Интерпол.
Во операцијата именувана „Lionfish“ исто така откриена е илегална лабораторија во приватна куќа во Холандија, со капацитет да произведе 700.000 екстази пилули.